Twitter stream
Натписи
Судења
Блог постови
Влезете во Светот на ИТ Безбедноста
Напишано од Георги Димитров
на 03.11.2010 16:33
Во светот на IT сигурноста како една организација која постави нов и светски признат стандард за пенетрациски тестирања на IT системи, ја претставуваме International Council of E-Commerce Consultants (EC-Council). Како сопственик и девелопер на светски познатите курсеви CEH, CHFI, ECSA/LPT нејзината репутација како и сертификација е најбрзорастечка во IT индустријата што го потврдува нејзиното присуството во повеќе од 60 земји во целиот свет за помалку од 8 години . Нејзините сертификати се признати низ цел свет како и од US Government National Security Agency (NSA) и Committee on National Security Systems (CNSS).
Помегу индивидуалците кои поседуваат EC-Council сертификати се наоѓаат и вработени во најпрестижните светски организации како US Army, FBI, Microsoft, IBM, United Nations, Cisco и многу други.
Семос Едукација е Акредитиран Тренинг Центар на EC-Council со што ви нуди официјални EC-Council курсеви и можност за полагање на EC-Council испитите.
Официјалните EC-Council курсеви содржат цел опсег на вештини и знаење потребно за градење и менаџирање на компјутерски мрежи со информациско комуникациска сигурност како и ефективно користење на различни ресурси со цел постигнување на одлична функционалност. Содржината на курсевите не се врзува за еден производител на хардвер или софтвер со што на слушателите им ја презентира целата слика на областите во IT индустријата.
















